Филипче: Стратегијата даде добри резултати, бројот на активни пациенти значително се намалува

Епидемијата на Корона вирусот во земајва полека стивнува.

Денеска регистиртани се само 7 нови случаи позитивни на Ковид 19, а расте бројот и на оздравени. Статистиката денеска покажува дека оздравени се 47 пациенти, а починат е само 1.

Токму позитивната статистика го отвори и патот за олабавување на мерките. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека веќе од следната недела полека ќе се отвораат кафулињата и рестораните, но по посебни протоколи.

Враќањето на стопанството во живот, ќе ја отвори и потребата од функционирање на градинките. Филипче за следните денови најави план по кој и тие ќе почнат со работа.

Дали олабавувањето на мерките ќе влеат надеж и за враќањње на туризмот ќе зависи од отворањето на границите. Министерот вели дека по координација со соседните земји ќе зависи и како и дали ќе се патува ова лето.

Филипче најави дека наскоро во нормала ќе се враќаат и амбулантите, а ќе има измени и на „Мој термин.“

- Реклама -