Белег на зглобот на десната дланка на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун сугерира која е вистинската причина за неговото отсуство од јавноста. Ким Џонг-ун за првпат се појави во јавност на 1 мај, на отварањето на фабрика за ѓубриво, откако со недели во медиумите беа објавувани разни шпeкулации – од тоа дека е во вегетативна состојба, па до тоа дека е на одмор.
Меѓутоа, снимките од отворањето на фабриката, објавени од државната агенција KCNA, одат во прилог на тезата дека Ким сепак бил на опepaција. При преглед на снимките од медицински експерти, тие забележаа трага што сугерира дека имал севернокорејскиот лидер имал интервенција на срцето.
Според експертите, се работи за белег од иглa, кој сугерира дека Ким бил подложен на кардиоваскуларна процедура.
„Личи на пунктура на десната радијална артерија… која често се користи за пристап до коронарните артерии за вградување на cтeнт“, вели американски медицински експерт за NK News, кој проценува дека paната е стара околу една недела. Тој објаснува дека малку е веројатно да се работи за некоја полесна (интpaвенозна) процедура, бидејќи во таков случај не би имало таков белег.
Експертите потенцираат дека пред да престане да се појавува во јавноста, Ким Џонг-ун немал ваква трага на зглобот.