Ѓоргиев за „Канал 5“: Ако услов за ЕУ е откажување од македонскиот јазик, таквите преговорите не мора ни да почнат

Ако услов за почнување преговори со Европската унија е откажување од македонскиот јазик, тогаш такви преговори не треба ни да почнат, смета претседателот на македонскиот тим во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања – Драги Ѓоргиев, во изјава за „Канал 5“.

Според него, Македонија апсолутно не треба да дискутира за јазикот и да го стави на маса како дел од преговорите. Тоа е, вели, апсолвирано прашање, а постоењето на македонскиот јазик е реалност, и затоа Македонија не треба ниту да го отвора, ниту да го држи отворено тоа прашање.

„Колку и да се блиски овие два јазици, колку и да не ни требаат преведувачи кога разговараме со бугарска страна, станува збор за два јазици и од тој аспект не смее да се дозволи апсолутно никаква дискусија за македонскиот јазик, тоа е завршена работа“, вели Ѓоргиев.

Притиcoците од бугарска страна во однос на идентитетските прашања единствено ќе придонесат македонската комисија да го крене гардот со чувство на недоверба кон Бугарија и бугарската политика, потенцира тој, додавајќи дека македонскиот јазик ниту бил, ниту ќе биде тема на разговор во работата на комисијата. Повеќе ТУКА.

 

- Реклама -