Македонија продолжува да има мала дневна бројка на новозаразени, додека во шест градови, вклучувајќи го и Дебар, веќе нема активни случаи на коронавирус.
Шеесет и едногодишен жител на Струга е 82. жртва на КОВИД-19 во земјата.
Во последните 24 часа се направени 199 тестирања и 15 од нив биле со позитивен резултат.
Македонија ја надмина бројката од 1.500 заразени со коронавирус и сега е на 1.506.
Досега оздравеле 852 лица, 45 повеќе во однос на вчера.
Министерството за здравство објави дека за првпат од почетокот на епидемијата не е примен ниеден нов пациент на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
Исто така, во шест градови веќе нема активни случаи на коронавирус.
Покрај Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар, во оваа група е и Дебар, кој беше прво жариште на коронавирусот во земјата и прв град во кој беше прогласена кризна состојба.