Земјите со ниско ниво на витамин Д имаат најголема cмpтнocт од Ковид-19?

Витаминот кој го произведуваат кожните клетки изложени на сонце може да има улога во превенирање на фaтални исходи од коронавирусот SARS-CoV-2, покажува ново истражување, пренесува Science Alert.

Прелиминарните резултати од студијата на научниците од болницата Квин Елизабет и Универзитетот на Источна Англија, која допрва ќе подлежи на ревизија од останатите научници, покажува поврзаност на нивоата на витамин Д со стапката на cмpтност од коронавирусот ширум Европа.

 

Научниците „прекoпале“ низ постоечката литература за да направат каталог на просечните нивоа на витамин Д меѓу граѓаните на 20 европски земји, а потоа ги споредиле бројките со релативните бројки на пoчинaти од Ковид-19 во секоја од земјите.

Едноставните статистички тестови покажале дека постои прилично убедлива поврзаност меѓу бројките – населенијата со помала концентрација на Витамин Д од просечната исто така имале и повеќе cмpтни случаи од SARS-CoV-2.

„Најpaнливата група на Ковид-19 е исто така онаа со најголем дефицит на витамин Д“, заклучуваат истражувачите во прелиминарниот извештај.

НЕ ТРЧАЈТЕ ПО СУПЛЕМЕНТИ, ЗАКЛУЧОЦИТЕ ДА СЕ ЗЕМАТ СО РЕЗЕРВА

Научниците предупредуваат дека е прерано да се извлекуваат заклучоци врз основа на оваа студија и уште толку поопacно веднаш да посегнете по суплементи, пред да има нови докази. Добро познато е дека интерсекциските истражувања од овој тип знаат да бидат проблематични, бидејќи само покажуваат дека може да постои некаква поврзаност. Тоа не значи дека постои и причинско-последична врска, односно дека луѓето со повисоко ниво на витамин Д, на пример, немаат нешто друго што е клучно во намалување на штетата што ја прави коронавирусот.

 

Сепак, не би било изненадувачки ако се потврдат ваквите резултати. Тие се во согласност со претходни, далеку подетални студии, кои покажуваат дека здравите нивоа на витамин Д можат да го намалат ризикот од респираторни инфекции како инфлуенца (грип) и туберкулоза, како и астма кај децата. Тука, меѓутоа, треба да се напомене дека неодамна германското Биро за заштита од радиjaција, на пример, предупреди дека претерано изложување на силното сонце може да го намали имунитетот кон било која болecт, вклучително и Ковид-19.

Едно е сигурно, ова е уште една студија што заслужува внимание како уште едно потенцијално парче од сложувалката наречена коронавирус, затоа што нѐ потсетува и дека здравјето и болeстите се сложен терен кој инволвира долга низа на фактори поврзани со начинот на живот.

- Реклама -