Пожар проголта кафуле кај „Мавровка“

Гареж и пустош остави пожарот кој синоќа го проголта кафе-барот „Фонтана“ пред Трговскиот центар „Мавровка“.

Од рано утрово екипите продолжија со истрагата, за утрвдување на причините поради по полноќ избил пожарот.

„На булеварот Гоце Делчев во угостителски објект „Фонтата“ во сопственост на 34 годишниот М.А настанал пожар при што бил опожарен горниот дел, а целосно била опожарена терасата. Повредени лица нема, од страна на бригадата за против пожарна заштита пожарот е локалициран, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден“, истакна Сузана Прањиќ, МВР.

За среќа брзата интервенција, не дозоволи пламените јазици да се прошират и зафатат други објекти кои се наоѓаат во близина. Од ТППЕ велат дека пожарот го локализирале утрово околу 5 часот.

„Во 01:50 е примена дојава за пожар во Т.Ц „Мавровка“. Станува збор за терасата на кафе-барот „Фонтана“. Интервенирано е со седум противпожарни возила и 20 пожарникари. Пожарот локалицизран и изгаснат е комплетно некаде околу 05 часот. Беше зафатена голема површина и добра фаза на разгорен пламен“, посочи Владимир Симоновски.

Истрагата треба да покаже која е причината за пожарот кој избувна по време кога со одлука на Владата сите угостителни објекти се затворени поради коронавирусот.

- Реклама -