Статус на Бранко Героски:
,,Дали Гоце Делчев и најзначајните борци за македонската кауза кон крајот на 19 и почетокот на 20 век биле поткрепени од Софија и дали се декларирале како Бугари? Да, тоа е неспорно.
Дали Делчев и другите се бореле за присоединување на територијата на Македонија (тогаш под османлиско ропство) кон Бугарија? Дали се бореле Македонија да биде бугарска, дел од Бугарија? Не.
Се бореле за независна, автономна, федерална Македонија. Зависи како кој ги проценувал можностите да се формира нова, самостојна државна творба.
Зошто е тоа така? Зошто така размислувале и за таква цел се бореле и гинеле луѓе неспорно декларирани како Бугари? Со мерилата на сегашноста сепак не може да се суди за историските настани.
Историјата не може да се разбере без да се проучат контекстите. Затоа е важно политичарите тие прашања да им ги остават на историчарите, а не да ги злоупотребуваат за своите политички агенди.
Јас сепак сум убеден дека ние Македонците и нашите браќа од Бугарија на крајот ќе се разбереме. Мислам дека нашите добри пријатели сепак ќе сфатат дека најискрено ќе се почитуваме и ќе братуваме како Бугари и Македонци, а не како Бугари и таму некои луѓе без име за себе и без име за својот македонски јазик.
Желбата за едно такво идентитетско обезличување на Македонецот нема сериозна основа ни во историјата ни во сегашноста. Таа желба нема иднина.”
Интересно е што на овој статус на новинарот Бранко Героски, во коментар се јавува историчар кој споделува малку поинакви ставови:
,,Почитуван Бранко Героски,како историчар не се согласувам со тврдењето дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин.Дома имам Шест книги за Гоце Делчев. И од Христо Андонов Полјански, и од Димитар Димески,и од други автори,никаде не пишува дека Делчев се декларирал така како што кажуваш Бугарин.
Каде го прочита тоа во која книга и во кој документ.Тоа го има само кај Бугарски историчари,од цел свет тие се единствени. Но има и бугарски историчари што тврдат дека не е Бугарин.Таков е Стеван Влахов Мицов.
Гоце Делчев е од Кукуш,а според официјалната и сите статистики,од 13 илјади жители колку што имал Кукуш,ниту еден не е Бугарин, 12илјади македонски Словени христијани и илјада од други националности но ниту еден Бугарин.
Од каде Бугарин. Тоа е бугарска прикаска,лага.И во случај некој македонски револуционер или интелектуалец да се декларирал како македонски Бугарин тоа има политичко не етничко значење,и тоа македонско само кажува има разлика меѓу тие што живеат во мк и Бугарија.
Прочитај ги и последните пет објави кај мене на зид што ги објавив ,последните пет објави и се ќе стане јасно.Имај убава вечер почитуван Героски Поздрав”