Новата нормала: Во кино да, ама без пуканки

Чешка денеска ги претстави правилата за реотворање на киносалите, фризерските салони и другите бизниси, со почеток од 11 мај.

Фризерите ќе мораат да носат и маска и заштитен визир, а педикиристите и маникиристите ќе мораат да носат и ракавици. Нивните клиенти, пак, ќе мораат да држат дистанца од два метра, соопшти министерот за здравство Адам Војтех.

„Кога станува збор за бербери и фризери, неопходно е операторите да имаат двојна респираторна заштита“, рече Војтех. „Значи, покрај маската, ќе морат да носат и заштитен визир“.

Чешка, која има популација од 10.7 милиони жители, досега има регистирано 7.689 заpaзени од коронавирус, 237 пoчинати и 3.314 оздравени. Во март ги затвори училиштата, бутиците и рестораните и воведе карантин.

Земјата сега внимателно ја реотвора економијата, со тоа што од 11 мај ќе дозволи и културни и спортски настани со присуство до максимум 100 лица, како дел од следната фаза на враќање во нормала. Тука се вклучени и трговските центри и поголемите продавници.

Во кината и театрите, публиката ќе мора да седи преку еден празен ред. Паровите ќе можат да седат заедно, но мораат да бидат одвоени барем едно седиште од останатите.

Во кината нема да биде можно да се консумира или продава било каква храна или пијалоци, објасни Војтех, додавајќи дека маските ќе мораат да останат на лицата за целото времетраење на филмот. „Тоа значи: Нема пуканки“, додаде.

Во рестораните со тераси, гостите кои не вечераат заедно мораат да седат на растојание од 1.5 метри, но ќе можат да ги тргнат маските додека јадат и пијат.

Чешката влада се надева дека системот на следење и тестирање на контактите на заpaзените, со од неодамна значително засилени капацитети, потпомогнат од мобилните апликации и локациските податоци од смартфоните и трансакциите преку платежните картички, ќе биде доволен за да се спречат нови големи еpyпции на коронавирусот кои би барале повторно воведување на општи карантински мерки.

Рестораните, пабовите и хотелите во Чешка одново ќе започнат со работа на 25 мај, кога ќе започне следната фаза на враќањето во нормала.

- Реклама -