Учебната година ќе заврши на 10 јуни и до тогаш учениците нема да се вратат во училиштата

Оваа учебна година нема да има државна матура, како и школската матура и завршниот испит за тригодишни и четиригодишни средни училишта. Министерот за образование, Арбер Адеми ова го кажа во емисијата во емисијата „Патот кон“, додавајќи дека тоа нема да биде пречка за матурантите за да се запишат на домашните универзитети. Според Адеми, приемни испити ќе се организираат само за тие факултети каде постои голема конкуренциј во однос на бројот слободни места за студентите.

Сите ученици од средното образование кои треба да ја завршат оваа учебна година 2019 – 2020 и кои во текот на определениот законски рок биле пријавени да го полагаат испитот за државна матура, ќе добијат дипломи за завршување на средното образование, која ќе има тежина на државна матура, школска матура или конечниот испит. Со ова, можеме да го регулираме продолжувањето со основните студии односно во институциите на високото образование -изјави Арбер Адеми- МОН.

Меѓу другите усвоени мерки денеска во Влада е и одложувањето на роковите за упис на првачињата. Документите за прво одделение нема да се достават во мај туку во јуни. Адеми рече дека се уште не е одлучено дали уписите ќе се бидат онлајн или со доставување на документите во училиште.

- Реклама -