Xит видео: Реакцијата на докторката додека Трамп предлагаше третман со средство за дезинфекција против Ковид-19

Докторката Дебора Биркс ги доби своите пет минути слава, иако тешко дека ги ужива. Биркс е координаторката за коронавирус на администрацијата на Доналд Трамп во Белата куќа, и токму кон неа американскиот претседател се обраќаше кога вчера предложи да се разгледа можноста пaциeнтите од Ковид-19 да бидат третирани со „УВ или друга силна светлина што преку кожата или на друг начин ќе се внесе во човечкото тело“, како и да се разгледа можноста средство за дезинфекција да биде внесено преку инјекција во белите дробови, затоа што многу брзо го убивало вирусот.

Оттогаш, видеото од реакцијата на Биркс додека Трамп во пар наврати ѝ вели „Мислам дека рековте дека не се истражиле, ама ќе истражите. Мене ми звучи интересно“, масовно се споделува на друштвените мрежи меѓу корисниците од целиот свет. Како што се гледа од истото, Биркс прво внимателно следи што зборува Трамп, а потоа го втренчува погледот некаде во зeмja и почнува забрзано да трепка. Шеговитите корисници на друштвените мрежи се погрижија видеото да добие и разни адекватни музички позадини.

Откако предлогот на Трамп наиде на исмевање во практично целиот свет, тој изјави дека бил саркастичен и сакал да види како ќе реагираат медиумите.

И Биркс мораше да го брани: „Кога тој ќе добие нова информација, тој сака да зборува на глас за тоа и навистина да го има тој дијалог, и тоа беше дијалогот што тој го имаше. Мислам дека тукушто ја имаше видено информацијата… и сѐ уште ја ‘вареше’ таа информација“, рече таа.

- Реклама -