Ќе го гушнеме ли ГТЦ?

Инаку, Управниот одбор на овој наш најстар трговски центар им излезе во пресрет на закупувачите на деловен простор во ГТЦ со тоа што за месец април им ја намали закупнината за 10 проценти.

– Во состојба на светска пандемија со корона вирусот и вонредната состојба во земјава, Друштвото трпи огромни загуби. Со цел да им се помогне на закупците на деловен простор, се направи финансиска анализа заради вклучување на одредени мерки кои ќе го олеснат нивното работење, но во исто време овие мерки да не го нарушат работењето на Друштвото – се вели во одлуката на УО на ГТЦ.

Исто така, Одборот на директори на ГТЦ ги ослободи за месец април од плаќање закупнина корисниците на летните тераси. Го намали и надоместокот за оджување на трговскиот центар за 25 проценти за месец март.

– Се замолуваат сопствениците на деловен простор кои имаат заостанати долгови да ги подмират со цел, да се направат уште поголеми напори за постигнување и додавање на поголемо повластување за месеците што следат – се наведува во одлуките на УО на Градскиот трговски центар.

- Реклама -