Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека вечерва добил информација оти неговиот резултат на тестирањето за Ковид-19 е негативен.
„Негативниот резултат го добивам на осмиот ден од самоизолацијата во која останувам до истекот на инкубациониот период од 14 дена. Редовно одржувам он-лајн состаноци со Комисијата за заразни болести, моите колеги, институциите, медиумите и владата“, напиша Филипче на „Фејсбук“, доавајќи дека ова ќе го практикува и во текот на наредната недела.
Тој нагласи дека почитувањето на мерките до сега дава добри резултати и порача дека доколку сите заедно сме доследни на препораките и се прилагодиме кон промените, многу побрзо ќе ја надминеме оваа состојба.