Исплата на пензиите на шалтер етапно, на платежна картичка yтpе

Априлската пензија ќе почне да се исплаќа од утре во четири етапи, за да се запазат мерките за заштита од коронавирусот, а пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 24 април, соопшти Владата.

За пензионерите кои не користат платежна картичка, готовинската исплата на пензиите на шалтерите на банките ќе се одвива во четири етапи:

– Пензии до 11.000 денари, исплата во понеделник 27-ми април

– Пензии од 11.001-14.000 денари, исплата во вторник 28-ми април

– Пензии од 14.001-18.000 денари, исплата во среда 29-ти април и

– Пензии над 18.001 денар, исплата во четврток, 30-ти април.

При подигнувањето на пензиите задолжително е почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот – носење маска или друг вид покривка за устата и носот и запазување на меѓусебното растојание, потсетува Владата.

- Реклама -