(ВИДЕО) Димитриевски: Страшно лажеа лица кои што се одговорни

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски како што е познат е заразен со корона вирусот, а тој лично ја објави оваа информација на својот Фејсбук профил.

“Почитувани сограѓани, драги пријатели, сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги сограѓани помеѓу кои сум и јас“ – пишува во објавата на Димитриевски.

Тој повика на воздржаност, дисциплина, како и почитување на мерките и препораките за социјална дистанца.

По средбата што ја имаа со Димитриевски и Општинскиот кризен штаб, премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство се во самоизолација. Инаку, тројцата не дојдоа на седницата на Советот за безбедност што ја организира претседателот Стево Пендаровски.

Ова е трет случај на државен функционер што е позитивен на корона вирус. Од вирусот заразени се пратеничката Кети Смилеска и градоначалникот на Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.

Максим Димитриевски, Градоначалникот на Куманово низ солзи во интервју во емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител Тв рече дека единствената сигурна работа на која може да се ослони во неговиот живот е неговото семејство.

– Мислам дека единствено семејството на кое можете да се ослоните во едни вакви моменти. Страшни дворски игри во многу тешки моменти за сите нас за кои ќе оставам времето да покаже кој е во право.

Во целиот овој конгломерат на несовесни граѓани, можам да кажам само едно а тоа е дека страшно се лаже од лица кои сакаат само да стигнат до целта, а кои се одговорни и не смеат тоа да го прават во овие моменти бидејќи одговараат за здравјето на сите нас.

Ние баравме потполно исти мерки како во Дебар. Зошто нешто би можело да важи за Дебар, а да не важи за Куманово, или пак сега нешто да важи за Куманово, а да не важи за Тетово. Тоа се двојни стандарди, рече кумановскиот градоначалник.

- Реклама -