Зошто Максо „да виси“, а другите не?!

ѐ погласни се обвинувањата на сметка на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, дека наводно свесно го загрозил јавното здравјето, со тоа што со неговото присуство на проширената седница на општинскиот кризен штаб, на која биле и луѓе од Владата, наводно овозможил ширење на вирусот, па според член 205 од Кривичниот законик, требало да одговора за кривично дело против здравјето на луѓето. Алијансата на Албанците тоа веќе и јавно ги побара. Жестока хајка против Димитриевски се води и на социјалните мрежи, а во неа предничат активисти и симпатизери на СДСМ.

Како што е познато, по овој настан, премиерот Оливер Спасовски и уште тројца министри (Венко Филипе, Бујар Османи и Арбер Адеми) заминаа во домашна изолација, по сознанието ден подоцна, дека кумановскиот градоначалник бил позитивен на ковид-19. Покрај членовите на Владата, на состанокот на кризниот штаб во Куманово присуствувал и претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, но тој не заврши во изолација.

Но, кој е навистина виновен и дали Максо е тој што треба „да виси?“

Кој кого поканил?

Во врска со организацијата на самиот настан во Куманово, седницата на општинскиот кризен штаб и прес-конференцијата после неа, градоначалникот Димитриевски и Владата излегоа со различни информации.

„Средбата во Куманово со владини претставници не беше остварена на моја покана, туку на барање на Владата. Информацијата дека постојано се прават проверки на здравјето на лицата од општинскиот кризен штаб е јавна и ја знаат сите членови на штабот и институциите на Министерството за здравство на локално ниво. Средбата се оствари за дополнително брифирање на Владата и за елаборација на фактичката состојба на теренот, поврзана со епидемијата, за која укажуваме со недели. Сите присутни носеа маски, освен во момент кога техничкиот премиер Оливер Спасовски и јас дававме изјави за медиумите, но ја држевме препорачаната дистанца“, изјави Димитриевски.

Наспроти ова, Владата вели: „Владата на РСМ, на покана на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и општинскиот кризен штаб, одлучи да биде дел од состанокот на кризниот штаб на највисоко ниво, за да може директно да се запознае со ситуацијата, да добие брифинг од сите одговорни лица, сѐ од најголема корист за населението. Прес-конференцијата беше побарана и организирана од страна на локалните власти, а техничкиот тим од владата кој го следи премиерот даде инструкции по следниов протокол: најпрво дезинфекција на целиот простор и говорницата, поставување на микрофони на говорница, замолување на камерманите да се позиционираат на безбедно растојание од 3 метри и сите да носат заштитна опрема“.

Во својата последна изјава на прес-конференција, премиерот Оливер Спасовски одби да ја разјасни дилемата кој кого поканил во Куманово, наведувајќи дека тоа ќе го расветли истрагата. Градоначалникот Димитриевски за Плусинфо вели:

– Премиерот Спасовски ми ја најави посетата во телефонски повик, на отворена телефонска линија, при што сведоци за разговорот се уште три лица. Освен тоа, имав и писмена комуникација со лице од Владата. Има и конкретен доказ кој ја организирал прес-конференцијата, известување од Владата до сите медиуми. Општинскиот штаб за средбата со новинарите даде само логистичка поддршка за средбата со новинарите.

Продолжете на плусинфо

- Реклама -