СЗО бара откажување на сите меѓународни фудбалски натпреварувања сѐ до 2022 година

Италијанскиот La Repubblica откри детали од состанокот на Светската здравствена организација (СЗО) и УЕФА и најголемите европски фудбалски клубови.

Во текот на видеоконференцијата, која траела два и пол часа, СЗО на лидерите на европскиот фудбал им препорачала откажување на сите клупски и натпревари на репрезентации, сѐ до крајот на 2021 година.

Аргументот на СЗО за таквиот радикален пристап во време кога речиси во цела Европа се релаксираат мерките воведени поради пандемијата на коронавирусот – бидејќи бројот на новозаразени веќе некое време е во надолен тренд, е дека со повторното заладување во есен и зима се очекуваат нови, уште посериозни бранови на коронавирус во Европа, а патувањата на клубовите од една земја во друга и посебно меѓународните гостувања на навивачите би допринеле за побрзо ширење на вирусот.

Научниците, на пример, се сложни дека токму првиот натпревар од осмина-финалето во Лигата на шампионите, кој во Милано го играа Аталанта од Бергамо (градот кој стана светско жариште на пандемијата) и Валенсија, допринесе за рапидно ширење на коронавирусот во Италија и Шпанија.

Критичарите сметаат дека ваквиот предлог на СЗО е обид светската здравствена организација да се поправи за, според нив, очajната реакција на почетокот на пандемијата и погрешните проценки не само за тоа колку е опaceн, туку и за начините на ширење. Сега СЗО „дува и на јогурт“, велат тие, па затоа инсистира мораториумот на меѓународниот фудбал да трае не само додека се пронајде вaкцинa, туку и додека не почне масовно да се применува.

Прочитајте и:  УЕФА: Службена победа на Романија против Косово и казни за двете страни

Тоа и има смисла кога ќе се споредат Италија и Шпанија и колку силно беа погодени од пандемијата – во споредба со останатите земји. При интеракцијата на играчите од тие држави, а особено навивачите, болеста би се проширила и во оние земји кои засега успешно го контролираат коронавирусот.

Оваа препорака на СЗО, од друга страна, е спротивна на желбата и плановите на УЕФА и нејзиниот претседател прекинатата сезона во еврокуповите да се одигра до крја најдоцна до крајот на август годинава, а Европското првенство (што и без тоа е тешка одлука) да се одигра идното лето. Сега СЗО бара Лигата на шампионите и Лига Европа воопшто да не се играат во следната година и пол, додека Евро 2020, кое стана Евро 2021, воопшто да не се одигра. Со други зборови, големо фудбалско натпреварување не би се играло сѐ до Светското првенство во 2022 година.

Прифаќањето на УЕФА на овие препораки, повеќе од јасно, би имало катастрофални последици по финансиската иднина на врвниот фудбал во Европа.

- Реклама -