Три часа се продолжува слободното движење на граѓаните во работните денови. Полицискиот час ќе почнува во 19 наместо во 16 часот.
Се продолжува и времето за движење на децата, тинејџерите и на возрасните: лицата над 67 години ќе може да излегуваат од 8 до 12, а младите до 18 години од 13 до 16 часот.
Викенд ограничувањето стартува во сабота во 13 часот и завршува во понеделник во 5 часот. Забраната за собирање и шетање во парковите останува, како и обврската за одржување растојание од два метри.
Министерот Филипче потенцира дека ова благо релаксирање на мерките е придружено со задолжително носење маска, шал, марама или нешто друго што ги покрива носот и устата.
Точно ќе биде пропишано кога нема потреба од носење заштитна опрема.
Овој предлог на Кризниот штаб ќе биде разгледан на утрешната седница на Владата. Потоа, ќе се знае кога стартува овој нов режим на ограничување на движењето и на задолжително носење заштитна опрема.