Прв пат во статистиката повеќе оздравени од новозаболени, во 24 часа

Тројца починати, 18 нови случаи и 21 излекуван пациент. Ваква е состојбата со коронавирусот изминатите 24 часа во Македонија. На Инфективна битката со вирусот ја загубија жена на 46 годишна возраст од Лабуништа Струшко која три недели била хоспитализирана на Клиниката и дишела со помош на апарати и пациент од Прилеп на 71 година, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба и цело време била на респиратор.

Најмногу новозаразени има во Куманово 9, а за прв пат е регистриран случај и во Пехчево. Ковид -19 има во 24 општини.

За прв пат од пандемијата во земјава има повеќе излекувани од новорегистрирани. Ова се должи на помалиот број тестирања поради празничкиот викенд. Последното деноноќие направени се 263 теста. Досега во земјава регистрирани се 1225 заразени со коронавирус, излекувани се 200 пациенти.

Во моментот болнички се лекуваат 109 лица , а 9 се во критична состојба и на апарати за дишење.

- Реклама -