Хрватски експерт за вaкцини: Коронавирусот е темпирана бoмбa и тука за да остане

Едно ново истражување на научниците од Сингапур покажува дека некои луѓе кои прележале Ковид-19, по неколку недели немале многу антитела. Згора на тоа, кај некои од нив воопшто не се ни пронајдени антитела. Тоа особено важи за младите луѓе кои Ковид-19 ја прележале со многу благи симптоми, или без нив. Кај постарите луѓе, кои покажале силни симптоми, имало значајно повисоко ниво на антитела.

Тоа може да биде проблем за развој на вaкцина, бидејќи може да значи дека ќе биде тешко да се поттикнат организмите на некои луѓе да развијат антитела.

„Луѓето обично мислат дека природното прележување секогаш создава најдобар имунитет. Меѓутоа, тоа не е секогаш точно. Постојат некои болести, како ХПВ и тетанус, кои предизвикуваат изненадувачки слаб имунолошки одговор. Baкцините против нив создаваат далеку подобар одговор од природното прележување. Сепак, слабиот имунолошки одговор во природни инфекции не мора нужно да значи пречка во развој на ефикасна вaкцинa“, вели д-р Стрибор Марковиќ, хрватски магистер по фармација кој беше и директор за контрола на квалитет во производство на вaкцини и кpвни производи.

Тој смета дека коронавирусот што предизвикува Ковид-19, односно SARS-CoV-2, е овде за да остане. Марковиќ предупредува дека вирусот се покажа далеку посериозен отколку што во почетокот се мислеше и дека веројатно долго ќе остане предизвикувач на болести. Тоа значи, потенцира тој во разговорот со хрватски „Index“, дека развојот на вaкцина е од исклучително значење:

„Неговата шема на движење во популацијата, необично големиот број асимптоматски зарази, високата заразност, необичностите во развојот или неразвојот на противтела и сл. го прават SARS-CoV-2 кандидат за трајно останување во популацијата. Тоа, исто така, го прави и темпирана бoмбa, бидејќи некој денес може да му се смее на вирусот, а по пет години вирусот да го yбие. Не постои гаранција дека тој нема да мутира и да стане уште поопacен. Овој коронавирус се покажа прилично сериозен бидејќи не предизвика само благи инфекции на горните дишни патишта, туку и тешки воспаленија на белите дробови. Освен тоа, за разлика од САРС и МЕРС, има и многу подмолна епидемиологија, такашто би можел да стане траен предизвикувач на болести, какви што беа сипаниците, големи сипаници или грип. Посебно се плaшиме што би можело да се случи наесен кога ќе дојдат другите болести на дишните патишта“, вели Марковиќ.

Зошто вaкцините не можат побрзо да се развијат?

Едно од најчетите прашања во последните неколку месеци е зошто вaкцините не можат да се развиваат побрзо, со оглед дека сите експерти постојано посочуваат дека тој процес ќе трае најмалку една година.

Една од најважните причини зошто вaкцините не можат да се развиваат побрзо е фактот дека тие не можат да се тестираат на болни луѓе, како што можат лековите, туку само на здравите, што значи дека тие мора да бидат и апсолутно безбедни. Кај лековите, пак, одредени ризици се прифатливи – на пациeнтите може да им е загpoзен животот, па ризиците вреди да се прифатат, бидејќи користа од лекот е поголема.

Вaкцините, меѓутоа, мора да поминат низ сите клучни фази на клиничкото истражување за да докажат дека истите се целосно безбедни и доволно ефикасни. Има три фази на истражување, и ниту една не е брза:

Првата фаза од истражувањата главно ја испитува безбедноста на вaкцината, но се бележи и реакцијата на имунолошкиот систем. Се спроведува на релативно мал примерок од луѓе. На едната група на луѓе им се дава вистинска вaкцина, а контролната група добива плацебо или мешавина од адјуванси, со цел да се види дали вaкцината ќе го стимулира производството на антиген. Во оваа фаза, на здравите испитаници, главно поради претпазливост, дозата на вaкцината им се зголемува постепено. Во првата фаза многу е важно да се следи дали постои имуногеност која е пожелна, но и дали постојат несакани ефекти, односно токcичност на вaкцината.

Во втората фаза се истражува ефикасноста на вaкцината врз поголем и поразновиден примерок на луѓе од различна возраст, пол итн.

Во третата фаза, имуногеноста и несаканите ефекти се испитуваат кај многу поголема популација. Експертите кои ја развиваат вaкцината во оваа фаза мора да докажат дека е ефикасна и безбедна против природните болести.

Секоја од овие фази на истражување може да трае од три до шест месеци или повеќе. Ако вaкцината успешно ги помине трите фази на клинички истражувања, регулаторните агенции можат да ја одобрат за употреба.

Откако вaкцината ќе се пушти во употреба, обично се спроведува четвртата фаза клинички истражувања, при што константно се собираат информации за употребата на вaкцината, нуспојавите и времетраењето на заштитата што ја предизвикува.

За разните типови вaкцини, за разните методи на развој, за можните пречки во тој процес, подетално на ЛИНКОТ.

 

- Реклама -