На првиот ден од Велигден празни се улиците во Скопје.
По некое бездомно куче и само неколку автомобили и граѓани кои имаат дозвола за движење забележавме низ улиците и булеварите во центарот на главниот град.
Истата слика беше и синоќа околу полноќ кога вообичаено во пресрет на велигденската ноќ е раздвижено поради опход со литија и богослужбите во црквите по повод Велигден.
И во Скопје и на територијата на цела држава во тек е полициски час кој започна во петокот во 16 часот, а ќе заврши во вторник во 5 часот.