Геpманија бележи пад на бpојот на заболени и починати од ковид-19

Германија бележи намален број на заболени ковид-19, но и на смртни случаи, по четиридневниот континуиран раст, соопшшти Институтот „Роберт Кох“. Во извештајот се вели дека се регистрирани нови 2.458 лица со коронавирусот, најмалку од средата, со кои вкупниот број во земјата сега изнесува 139.897 лица.

Од Институтот, исто така, посолуваат дека е намален и бројот на смртни случаи во Германија како последица на ковид-19. Според најновите податоци, пријавени се 184 смртни случаи или вкупно 4.294, за разлика од вчера и евидентирани 242 смртни случаја и 299. во петокот.

Според Универзитетот „Џонс Хопкинс“, Германија има стапка на смртност од 3,1 процент, додека Белгија има највисока стапка на смртност во светот со 14,3 проценти.

- Реклама -