Шпанија ги укинува мерките во две фази: Нормалниот начин на живот нема да биде ист како претходно

Шпанската влада планира да ги укине актуелните мерки на ограничување во две фази: првата ќе трае во текот на летото, а втората до крајот на годината, изјави Јоланда Диас, министерката за труд и социјална економија.

„Ќе работиме во две фази. Во текот на летото ќе се бавиме со производниот сектор и работните места, а втората фаза ќе трае до крајот на годината. Укинувањето на мерките ќе оди постепено“, изјави Диас во интервју за ТВЕ.

Таа истакна дека сите одлуки за укинување на мерките ќе зависат од советите на здравствените експерти, но додаде и дека „нормалниот начин на живот нема да биде ист како претходно“.

- Реклама -