Едно гратче успешно се брани од новата болест, најмногу благодарение на својата географска положба. Станува збор за Поинт Робертс, гратче сместено на мал полуостров.
Ова е најзаштитеното место од заразата во САД, бидејќи од остатокот од земјата го дели еден залив, а единствената копнена врска ја има со Канада.
Point Roberts is a small town on a five-square-mile peninsula connected solely to Canada, but part of the US.
It's this unique isolation that has helped keep the 1,300 residents out of the crosshairs of the coronavirus pandemic so far. https://t.co/RO4lYYfOr3
— Hallie Golden (@HallieGolden4) April 16, 2020
Бидејќи границата со Канада е затворена за сите освен за неопходниот сообраќај, ова гратче сега е како остров, што на популацијата од 1300 жители ѝ помогнала да се сочува од опасноста од болеста со оглед на фактот што сè уште нема регистрирани случаи.
“Ова е веројатно најбезбедното место во земјата”, вели Памела Шепард, 65-годишна жителка на ова инаку прилично изолирано место во американската држава Вашингтон.