Во ноември ќе се сретнеме со сериозен предизвик, бидејќи следниот бран на епидемијата со болеста може да се случи токму тогаш, предупредува Џан Венгхуан, шеф на Инфективното одделение во шангајската болница „Хуашан“.
Тој исто така изјавил дека болеста почнала да се шири и во Јужна Америка, во Африка, и во Југоисточна Азија, поради што, според постоечкиот математички модел, ова лето нема да можеме целосно да се ослободиме од заразата, а кога ќе дојде зимата – повторно ќе седиме дома.
Венгхун истакнал дека благодарение на искуството кое што многу земји го стекнале поради болеста, особено во областа на дијагностиката, следниот бран на епидемијата нема да биде толку многу опасен.
– На земјите кои немаат доволно медицински ресурси ќе им биде тешко да ја преживеат следната зима, а меѓу нив се државите од Африка и од Јужна Америка – истакнал тој.
Според неговите зборови, контролата над болеста во светот не зависи од Кина, САД или Европа, туку од тоа како со истата можат да се справат токму земјите кои што имаат најмала способност да ја контролираат.