Пратеничка на СДСМ бoлнa од коpoнавирус

Пратеничката на СДСМ – Кети Смилеска од Прилеп, е бoлна од коронавирусот и во моментов е на бoлничко лeкување, објави „Инфомакс“. Информацијата ја потврдила и самата Смилеска, откако била контактирана од редакцијата.

Според порталот, таа била xocпитализирана во саботата, кога ѝ се влошила состојбата, но во моментов е веќе подобра.

Како што велат од порталот, Смилеска сакала информацијата да биде споделена, со цел што поголем број граѓани да разберат дека станува збор за сериозна работа.

Таа апелира до сите сограѓани, посебно прилепчани, да ги почитуваат мерките, бидејќи според неа, досегашното однесување на граѓаните не е на задоволително ниво. Повеќе ТУКА.

 

 

- Реклама -