Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска цената на горивата „Супер 95“ и „Супер 98“ се зголемува за половина денар по литар и ќе се продаваат по цена од 48,50 и 50,50 денри.
Цената на дизел горивото останува непроменета, односно ќе се точи по цената од 45,00 денари за литар.