НЕМА СЕДЕЊЕ НА КЛУПИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР, ПОКРИЕНИ СЕ СО КЕСИ ЗА ДА НЕМА ГРУПИРАЊЕ

Клупите во парковите и на јавните површини низ Општина Центар се покриени со кеси, за да нема собирање и групирање на граѓани. Од Општината соопштија дека воведуваат нови мерки за зголемена безбедност на граѓаните и спречување од дополнително ширење на вирусот КОВИД-19.

„Денеска спроведовме акции за затворање и забрана за користење на јавната урбана опрема на територијата на Општина Центар. Клупите за седење ќе бидат покриени и заштитени, за да се овозможи спречување и користење на урбаната опрема за време на дозволениот час за движење на граѓаните“, велат од Општина Центар.

Според мерките кои беа донесени на денешната владина седница, од 16 часот в четврток се забранува движење во паркови, шуми и излетнички места. За Велигден полицискиот час ќе трае од петок во 16 до вторник во 5 часот.

- Реклама -