Шилегов за грчки Етос- Не се повлекувам додека не ги срушам сите споменици од Скопје 2014

Во вчерашното интервју за грчки Етос кој го пренесоа повеќе грчки медиуми градоначалникот на Скопје Петре Шилегов нашироко го образложи планот за целосно демонтирање на сите споменици и фасади кои беа дел од проектот Скопје 2014. После изборите ќе ми дадат зелено светло да почнам со рушење на спомениците изјавува во интервјуто Шилегов.

Шлегов како што пишува Етос е член на СДСМ и е охрабрен од премиерот Заев да го спроведе проектот за рушење на спомениците во центарот на градот.

Шилегов истакнува за Етос дека проектот Скопје 2104 е криминално дело на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ . Шилегов за крај истакнува дека е негова должност да ги тргне спомениците и да го врати лицето на градот.

Целото интервју – Ethos

- Реклама -