Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти – 79-годишна пациентка од Скопје, пациент од Велес на 58-годишна возраст, пациент од Прилеп на 67 години и уште еден 63-годишен пациент од Скопје.
Денеска во Штип се регистрирани тројца оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.
Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1, соопштува Министерството за здравство.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица.
Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
Скопје – 316
Куманово – 211
Дебар – 49
Штип-27
Прилеп –75
Тетово – 37
Струга – 43
Велес – 32
Битола –9
Охрид –4
Кавадарци – 3
Гостивар –8
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 22
Пробиштип – 2
Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку ИЈЗ – 317, преку Ветеринарен ф-тет -13, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.552 тестирања на Ковид -19.