Иако Северна Кореја е една од ретките држави што нема пријавено ниеден случај на зараза со коронавирус, државниот лидер Ким Џонг Ун на состанокот на политичкото биро на владејачката Работничка партија повика на построги мерки во борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот, јави денеска државната агенција КЦНА.
Северна Кореја за успехот во борбата против пандемијата може да им се заблагодари на „строгите, врвни и неопходни анти-епидемиски мерки што се преземени“, објави КЦНА. На саботната средба се разговарало за брзото ширење на новиот коронавирус ширум светот „без оглед на границите и континентите“.
Пјонгјанг ја затвори границата со Кина и го ограничи транспортот на луѓе и стоки, а на состанокот во саботата е донесе заедничка одлука за „уште посеопфатни државни мерки за зачувување на животот и безбедноста на луѓето од големата светска епидемија“.