Министерот за здравство Венко Филипче, на видеосесијата денеска рече дека Владата утре ќе одлучува за рестриктивните мерки за време на велгиденските празници.
Тој вели дека има размислувања еден ден да се додаде на викендот, кога ќе биде забрането секакво излегување од дома.
Имено, карантинот да трае од петок попладне до вторник наутро.
Но, додава дека се уште не е одлучено.