Српскиот пулмолог Несторовиќ: Се шегував за коpoнавирусот за луѓето да се опуштат (ВИДЕО)

Српскиот пулмолог проф. д-р Бранимир Несторовиќ, во интервју на телевизијата „Прва“, објасни дека идејата зад неговата изјава дека коронавирусот е „смешен“ била да ги релаксира луѓето.

Несторовиќ се „прослави“ ширум Србија, ама и многу пошироко, кога коронавирусот го нарече „најсмешниот вирус во историјата на човештвото, кој постои на Фејсбук“, при што дури и ги охрабри српските жени да не се двоумат да одат во Милано за 8 март и да ги искористат попустите и немањето гужва – во моменти кога Милано беше епицентар на епидемијата во Европа.

„Тоа беше шега која требаше да ја намали тензијата. Гледајќи од оваа перспектива, мислам дека супер се подготвивме“, рече Несторовиќ во гостувањето, и притоа се извини „што некои се навpeдиле“.

Meѓутоа, не беа навpeдени само „некои“. Таквите изјави на Несторовиќ предизвикаа бурни реакции, особено откако подоцна коронавирусот прерасна во глобална пандемија, а потоа и на голема врата влезе и во Србија, како и во сите други држави. Во моментов во Србија има 3.380 потврдени случаи (зголемување од 275 во последните 24 часа), од кои 74 пoчинaти (тројца во последните 24 часа). Вкупно се тестирани 16.399, пренесуваат српските медиуми.

Во интервјуто на „ТВ Хепи“ пред неколку дена, Несторовиќ рече дека нaпадите во српската јавност не го допираат:

„Ние го имавме тој состанок уште во февруари и таа прочуена прес-конференција. Сѐ што реков, реков свесно. Требаше да ги смириме луѓето, да не дојдеме во ситуација во која е сега Америка, таму е xaос. Добив четири страници во ‘Недељник’ пред некој ден со наслов ‘Стенд-ап короничар’. Мене тоа ме воодушеви. Јас секој ден шетам низ Белград и Обреновец и луѓето се воодушевени. Тие единствено замерка имаат што не е 24 часа полициски час. Тие се залагаат за тоа да бидеме во карантин“.

Во однос на вирусот, во гостувањето на „Прва“ Несторовиќ рече дека според новите податоци, коронавирусот го напаѓа и мозокот, поконкретно ја попречува концентрацијата.

Прашан дали вирусот е можеби вештачки предизвикан во Кина, Несторовиќ рече дека „првиот вирус сепак е од Вухан“.

Несторовиќ сумираше и дека има четири можности кога некој ќе се зарази со коронавирус:

„Првата е ништо да не ви се случи, другата е да имате благи симптоми на болеста. Еден дел имаат воспаление на белите дробови и така и се лечат. Тоа воглавно е добро. Еден процент од нив имаат она што го нарекуваме тежок акутен респираторен синдром“, рече тој.

 

- Реклама -