ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ПОД ЦЕЛОСЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Македонија ги помина првите 24 часа под полициски час .. Нетрпеливо се одбројува секоја секунда до 5 часот утрото во понеделник…

За едни времето поминува бавно, затворени меѓу неколку ѕида.

Но, пензионираниот пица мајстор Тома Апостоловски има доволно и простор и време за момент да заборави на забраната за движење. Бизнисот и грижите ги оставил во Шведска , кај неговите деца, кои за разлика од угостителските објекти во земјава , работат под полна пареа и со помеки мерки.

За време на полицискиот час издадени се 27 илјади дозволи за движење. Меѓу нив се и овие работници на отворено, кои секојдневно патуваат на релација Тетово-Скопје.

За нив , полицијата и сите исклучоци од полициски час работат рестораните кои на бараната локација ги снабдуваат со храна. Освен доставувачите и полициските возила и ова се возилата кои често ги гледате од вашите балкони..

Ова е прв викенд кој брои 61 час карантин на ниво на целата држава. Освен 79 прекршители на полицискиот час кои биле регистрирани минатата ноќ, билтенот паралелно се полни и со редовните кривични дела. Пријава за семејно насилство во Скопје, кражба во црква во струмичко Белотино, тепачка меѓу две групи во скопско Кучевиште. За прв пат, изминатото деноноќие нема прекршување на самоизолацијата.

- Реклама -