Меркел ги одби Италијанците: „Не можеме да имаме ист долг“

-Знаете дека не верувам дека треба да имаме заеднички долг поради ситуацијата на нашата политичка унија и затоа ние тоа го одбиваме, додаде таа во текот на конференцијата за новинари.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги отфрли барањата на Италија со заеднички обврзници на еврозоната да се ублажи економското влијание на пандемијата од коронавирусот и додаде дека Германија ќе ги поддржи другите инструменти за помош на земјите кои се тешко погодени од кризата.

Разговарав денеска долго со италијанскиот премиер Џузепе Конте и се сложивме дека постои итна потреба за солидарност во Европа која минува низ еден од своите тешки периоди, рече Меркел, пренесува Ројтерс.

– И Германија е подготвена за таа солидарност и посветена е на тоа – истакна германската канцеларка и додаде дека благосостојбата на Германија зависи од благосостојбата на Европа.

„Сега, кои инструменти се погодни за таа цел, овде постојат различни гледишта“, наведе таа.

-Знаете дека не верувам дека треба да имаме заеднички долг поради ситуацијата на нашата политичка унија и затоа ние тоа го одбиваме, додаде таа во текот на конференцијата за новинари.

Според нејзините зборови, има толку начини за да се покаже солидарност: „И јас верувам дека ќе пронајдеме добро решение“, заклучи Меркел.

- Реклама -