Сто и седумгодишна Холанѓанка закрепнала од короанвирусот и веројатно стнаа најстара личност на светот којашто ја победила болеста Covid-19.
Корнелија Рас е регистрирана како болна како последица од зараза со новиот тип коронавирус, ден по прославувањето на 107-то роденден, извести холандскиот дневен весник AD. Била позитивна на тестот откако била на литургија со другите штитеници на домот за стари лица на Герее-Овергелке, остров на југозападот од земјата.
Кај Рас и кај уште 40 штитеници на домот, кои биле на литургијата, дополнително били дијагностициран вирусот. Во меѓувреме 12 лица од оваа група починале, но лекарите на Рас во понеделникот ѝ соопштиле дека ја победила инфекцијата.
„Не очекувавме дека ова ќе го преживее. Не зема лекови, и натаму добро се движи, а секоја вечер клекнува за да му се заблагодари на Бога. Како што стојат нештата, веројатно така и ќе продолжи“, изјавила за весникот нејзината внука Мааике де Хрот.
На 31-ви март беше објавено дека оздравела 101-годишна Холанѓанка примена десетина дена претходно во болница во Ијселанд крај Ротердам со тешкотии во дишењето поради коронавирусот. Седмица претходно, светот го обиколи веста за 101-годишниот Италијанец, кој закрепнал од вирусот.
Пред Корнелија Рас, најстарата документирана личност којашто го преживеа коронавирусот беше 104-годишниот Американец Бил Лапсчис.
Холандија во четвертокот потврди дека забележала 140 смртни исходи од коронавирусот, со што вкупниот број починати во земјата од болеста Covid-19 изнесува сега 2.396 луѓе, додека има околу 21.000 заразени.