Реисот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи побара од Владата „на ИВЗ да ѝ го даде делот од помошта што ѝ следува“.
Во спротивно, изјавил Реџепи, тој предупреди за можноста за повлекување на апелите на ИВЗ да не се посетуваат верските објекти во врска со епидемијата, пренесува „Газета Лајм“. Ситуацијата ќе излезе од контрола и овде ќе стане Бангладеш, рече Реџепи.
Тој вели дека испратиле порака до вицепремиерот Бујар Османи како координатор на кризните штабови ИВЗ да го добие својот дел од помошта, но досега немаат никаков одговор.
„Ќе пуштиме уште едно барање и ако не ни одговорат знаеме како да постапиме. Не дај Боже ако ги повлечеме нашите повици за пандемијата“, рекол Реџепи.