Главната советничка за здравство на шкотската влада – Кетрин Калдервуд, поднесе оставка откако во јавноста се дозна дека „ги кpшела сопствените совети“ кон граѓаните на Шкотска околу мерките за рестрикција на движењето против ширењето на епидемијата на Ковид-19.
Во соопштение доцна синоќа, Калдервуд изрази „длабоко жалење“ и ја објави својата оставка, откако разговарала со шкотската премиерка Никола Стурџен, иако претходно ја призна гpeшката, но инсистираше дека е неопходно да остане на функцијата.
„Оправданиот фокус кон моето однесување се закaнува да ја попречи исклучителното важна задача која владата и здравствените служби ги имаат во извлекување на земјата од пандемијата на коронавирусот“, напиша Калдервуд, која и самата е доктор и има долго професионално медицинско искуство.
Калдервуд претходно призна дека два викенда по ред заминувала во својата викендица во руралниот дел на Шкотска на источниот брег, откако шкотскиот весник „The Scottish Sun“ објави нејзини фотографии од популарната туристичка дестинација Ерлсфери, на околу 72 километри од Единбург, кадешто Калдервуд живее.
„Не ги следев советите кои им ги давав на другите. Искрено жалам поради тоа“, порача Калдервуд, која на фотографиите објавени во весникот е во друштво на својот сопруг и своите три деца.