Влада: Подобро сега отколу по судски пат со камати да ги платиме трошоците за СЈО

Трошоците за СЈО се за стручните служби и за комуналии до престанокот на постоење на ова обвинителство, подобро е да се платат на време отколку по судски пат со камати, велат од Владата.

Ваквата реакција на Владата следува откако ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека без никаков срам носи Уредба да се исплатат средства на вработените во СЈО кое, според опозицијата, е добро познато дека работи во корист на социјалдемократите.

Според одговорот од Владата на опозициските обвинувања, станува збор за Уредба со законска сила донесена на 2 април. Според објаснувањето од владината прес-службата, уредбата ги регулира прашањата согласно новиот Закон за јавно обвинителство ќе почне да се применува на 30 јуни годинава, кога СЈО ќе престане да постои. Од таму потсетуваат дека обвинителите кои работеа во СЈО веќе извесен период се вратени на работа во матичните обвинителства, додека во оваа институција во моментов работат само стручните служби, како што се јавнообвинителските службеници и техничкиот персонал кои имаат важечки договори.

Целата статија тука

- Реклама -