Лидерот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, му одговори на писмото на поранешниот генерален секретар на НАТО – Џорџ Робертсон, во кое вчера од името на Охридската група упати честитки до Ахмети и ДYИ по повод членството на С. Македонија во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ.
„Почитуван Лорд Робертсон“, пишува Ахмети, „Сега веќе сме едно семејство, ние сме НАТО!
Нашиот пат за да станеме едно не беше ниту лесен ниту краток.
Навистина, траеше подолго отколку што помислив кога им се доверивме на мировните сили на НАТО во 2001 година и кога се ракувавме на нашата средба во седиштето на НАТО во Брисел во 2003 година, но ниту ти, ниту јас не ја загубивме нашата цел и останавме посветени кон нашата цел за двата столба на нашата земја, рамноправноста преку спроведувањето на Охридскиот Договор и евроатлантската интеграција.
И, успеавме! Сите достигнувања се заеднички, во секој чекор на нашиот пат, од земја во конфликт до земја членка на НАТО и во преговори за членство во ЕУ.
Сакам да ја искористам ова прилика за да изразам почит кон паднатите војници на НАТО за мирот во мојата земја и да изразам почит за сите кои служеа, се сеќаваме на нив гордо и бескрајно ќе ги цениме.
Денес ние сме тука затоа што овој пат го изодивме заедно со Вас и нашите пријатели од меѓународната заедница со кои ги споделуваме истите вредности и кои беа со нас при сите бури за време на овие две децении и ниту еднаш не ја изгубивме определбата од целта на патот кој што беше како ниту еден друг пат кој што сме го поминале претходно.
Почитуван Џорџ, денот за кој толку многу работевме дојде и успеавме.
Сакам да те уверам тебе и сите соработници од меѓународната заедница дека заедно со моите колеги остануваме посветени и искрени пријатели во изградбата на демократска и рамноправна држава, со ефективно владеење на правото, со одржливи меѓуетнички односи, горда земја членка на НАТО и на Европската Унија.
Ваш, Али Ахмети“, се вели во писмото.
„Ви пишувам на овој историски ден кога знамето на Северна Македонија гордо се вее пред седиштето на НАТО во Брисел, да ви честитам Вам и на вашата партија за вашите напори за постигнување на овој ден за паметење“, пишуваше вчера Лорд Робертсон.
„Сите во Северна Македонија кои имаа улога во доготрајниот процес кој доведе до овој ден треба да се пофалат за нивната издржливост и трпеливост во постигнувањето на огромниот чекор напред за вашата земја и Западот Балкан. Ние од Охридската група, пријатели на Северна Македонија сме горди што имавме мала улога во водството до денес. Затоа славиме со вас што вашата земја се приклучи на Алијансата.
Секако, ова не е единствената причина за честитките – одлуката на Европскиот совет да ги отвори преговорите за идното членство на земјата во ЕУ е исто така огромен чекор во вистинската насока за вашата земја. Северна Македонија, извонредна мултиетничка држава во срцето на местото што беше едно од светските проблеми во светот, сега заслужува, со свои напори, да биде дел од европскиот мејнстрим. Вашето лидерство низ годините беше од суштествено значење за постигнувањето на она што се случува денес и од име на Охридската група ви благодарам за тоа. Денеска ФИРОМ конечно умpe. Северна Македонија сојузничка на НАТО живее“, напиша Робертсон.