Гола, во полна када со млеко и цветни листови, со цветни листови, светски познатата пејачка Мадона се погрижи да ја сподели својата мудрост и да ни го соопшти нејзиното гледиште за добрата страна на коронавирусот и како одеднаш таа се смета еднаква со обичната раја.
„Тоа е посебното кај Ковид-19. Не му е гајле колку си богат, колку си славен, колку си смешен, колку си паметен. Каде живееш, колку си стар, какви прекрасни приказни имаш да раскажеш. Тој е големиот изедначувач и тоа што е ужасно кај него е и тоа што е одлично кај него. Тоа што е ужасно кај него е што нѐ направи сите еднакви/рамноправни, во многу аспекти. А тоа што е прекрасно кај него е што нѐ направи сите еднакви, во многу аспекти. Како што многупати реков, во човечката природа, на крајот, сите сме во истиот брод. Ако бродот тргне да тоне, сите тонеме заедно“, вели Мадона во видеото.
View this post on Instagram
No-Discrimination- Covid-19!! #quarantine #covid_19 #staysafe #becreative #brianeno
Јазот меѓу ова нејзино „откритие“ и реалноста, меѓутоа, ги налути дури и нејзините најверни фанови, кои се обидоа да ѝ објаснат дека, не, воопшто не сме еднакви:
„Прости ми, моја кралице. Толку многу те сакам, но не сме еднакви. Можеме да умреме од иста болест, но најмногу ќе патат сиромашните. Не ја романтизирајте оваа трагедија“, пишува еден од нејзините следачи на Инстаграм.
„Сигурна ли сте? Тајната на тестирањето. Се чини дека богатите и славните се тестираат без никакви проблеми“, пишува друг.
„Нештата надвор ов вашиот дворец се многу поразлични отколку што мислите. Останете здрава и имајте малку повеќе сочуство со оние не се привилегирани“, ѝ пишува трет.
Мадона, инаку, се наоѓа во изолација со својот 25-годишен дечко Ахламалик Вилијамс и ќерката Мерси Џејмс.