Најмалку едно лице загина во земјотресот кој утринава околу шест часот го погоди Загреб. Според европската сеизмолошка агенција земјотресот бил со јачина од 5,3 степени и го погодил главниот град на Хрватска и областа западно од него. Американската сеизмолошка опсерваторија,пак, наведува дека земјотресот бил со јачина од 5,4 магнутуди.
Оштетени се покриви на згради, а некои улици се покриени со урнатини. Познатата загребска катедрала исто така е оштетена.
Здравствените власти ги советуваат луѓето кои излегоа на улиците во страв од последователни удари да се обидат да ја одржат социјалната дистанца од два метра потребна за спречување на ширењето на коронавирусот.