Министерот за надворешни работи Никола Димитров одржа прес-конференција.
Министерството за надворешни работи во соработка со Министерството за транспорт и врски ќе организира хуманитарни летови и конвои за да можат околку 2.300 граѓани кои се заглавени во меѓугранични простори или по аеродроми или им треба помош да си дојдат дома. Заинтересираните треба до недела до 18 часот да се пријават во најблиското конузларно претствништво. Сите кои на ваков начин ќе пристигнат во земјава ќе бидат во задолжителен државен карантин 15 дена.
-Сакам да упатам клучна порака до утре недела 18 часот сите кои се немаат пријавено да се пријават бидејќи ова нема да биде процес којшто ќе се одвива континуирано. Се работи за големи трошоци, голема организација, нема да може државата редовно да врши организација на вакви хуманитарни конвои. Ние мораме сега да помогнеме. Не е време за патување во странство, рече на денешната прес-конференција во Владата министерот за надворешни работи Никола Димиров.
Граѓаните, рече министерот, можат да се пријават на е-маил адресите и телефоните на ДКП на РМ во земјите каде што се наоѓаат или во најблиското во соседната земја или во земјата од регионот. Ние, потенцира Димитров, мора да имаме прецизна евиденција и податоци за веднаш да почнеме да ги организираме овие хуманитарни конвои, истакна министерот за надворешни работи.
Тој појасни дека пред неколку денови МНР упатило апел до нашите граѓани кои се затечени меѓу граници, на аеродроми кои што се затворат или се откажуваат летови, на кои што им треба помош за да си дојдат дома и оти по направениот пресек има околу 2.300 македонски граѓани низ целиот свет. Основната концентрација, рече, е во европските земји.
– Вчера на вечерната владина седница разговаравме за ова прашање и беа донесени одлуки и заклучоци. Не задолжи нас МНР во соработка со МТВ да организираме хуманитарни летови за да ги донесеме граѓаните дома, рече Димитров.
Владата, појасни Димитров, одлучи сите граѓани што ќе дојдат во поголеми групи со хуманитарните летови да бидат во задолжителен државен карантин во траење од минимум 15 дена за истовремено покрај државниот интерес да си дојдат дома и заштити здравјето на населението што е веќе во татковината. Формирано е тело кое ќе организира задолжителен државен карантин и ќе го зголеми капацитетот на задолжителниот државен карантин.
Тој информира дека вчера во Црна Гора бил направен обид да се донесат група наши граѓани кои биле во Истанбул и да ги качат на хуманитарниот лет од Владата на Црна Гора, но штом чуле дека ќе бидат во задолжителен карантин ниту еден од нив не сакал да ја искористи оваа можност.
-Ова ако е индиција и илустрација можно е оваа бројка на наши граѓани и да опаѓа. Бројките ќе варираат, рече Димитров.
Најави дека во следните денови ќе биде организиран хуманитарен конвој од Црна Гора кон Северна Македонија. Таму има 70-ина македонски граѓани и, како што рече, ако дојдат во земјава и тие ќе бидат во задолжителен карантин. Трошоците ќе бидат на товар на државата.
Министерот Димитров реле дека исто така се контактираат сите земји од шенген зоната доколку некој граѓани поради сктуелната состојба со коронавирусот го пробијат рокот за максимум престој од 90 дена да не сносат правни последици.
– В земјите дел од шенген упатени барања граѓаните кои поради неможност да го испочитуваат рокот да немаат правни последици од пречеккорувањето. Дел од земјите носат одлуки, рече министерот за надворешни работи.