Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Велика Британија би можела „да ја промени борбата“ и да го порази вирусот корона во наредните 12 недели, доколку граѓаните ги следат инструкциите на владата.
„Во моментот не знам каде сме, колку долго ќе трае сето ова, но она што можам да ветам е дека ќе го победиме вирусот и дека ќе можеме да го промениме трендот во следните 12 недели“, рече Џонсон на прес-конференција.
Тој ги замоли граѓаните да се дистанцираат и да останат дома.
“Знам колку е тешко, но ако работиме заедно, ќе спасиме многу животи. Се чини дека вирусот сè уште не реагира на мерките што ги воведовме, како што е социјалното дистанцирање”, рече Џонсон и додаде дека постои можност во Лондон да се воведат построги мерки бидејќи е забележано дека инструкциите во некои делови на британскиот главен град не се следат.
Тој рече дека пробните вакцини се очекува да започнат во текот на следниот месец.
„Непријателот е невидлив, но научниците работат секој ден за да го запознаат што е можно повеќе и да го отстранат превезот на непознатото од вирусот“, нагласи Џонсон.
Радио Слободна Европа