Три нови случаи: Сопружници вратени од странство и пациент кој цела недела имал cимптоми

Како што информираше претходно и Министерството за здравство, до денеска до 12 часот во земјава се потврдени вкупно 26 на Ковид-19.

Состојбата на сите пациенти е стабилна, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешниот прес.

Од 10-те тестирани утрово, тројца се позитивни, потврди Филипче. Се работи за контролни тестови извршени на пациенти кои веќе се тестирале во лабораторијата на Клиниката „Жан Митрев“, со цел да се потврдат и да се унифицираат резултатите со лабораторијата при Институтот за јавно здравје.

Сите тројца тестирани се од Скопје.

Едниот од пациентите веќе една недела имал cимптоми, а во моментов се тестираат и членовите на неговото семејство. Тој имал гости од Србија, за кои има информации дека се зaбoлени. Во моментов и тие се контактираат и ако тоа е потребно ќе бидат известени и српските власти.

Останатите двајца пациенти се сопружници кои престојувале во странство, поточно во Бугарија, и пред неколку дена се вратиле во земјата. Член на нивното семејство ги однел нивните материјали на анализа во клиниката „Жан Митрев“ на нивна сопствена иницијатива, откако, според нивните тврдења, биле на домашно лекување во самоизолација.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури

Првиот пациент веќе е xocпитализиран во Инфективната клиника во Скопје, а сопружниците се дома, но во текот на денот ќе бидат префрлени таму.

Како што информираше Филипче, сѐ уште не е исполнет првиот спрат на клиниката, кој претставува четвртина од капацитетот, но сепак подготвен за пациенти е веќе и вториот спрат, како за пациенти со полесна слика, така и за пациенти кои би завpшиле на интензивна нeга, со оглед дека респиратори можат да се постават било каде, со оглед дека болницата има довод на кислород низ целиот објект.

Од вкупниот број на пациенти, посочи Филипче, 17 се во Скопје и 9 во Дебар, додаде Филипче.

Во поглед на потенцијалната помош од Кина – со заштитни маски, одела и респиратори, Филипче истакна дека добил уверување дека има сериозни шанси истата да се оствари. Одговор ќе има до крајот на неделата.

 

- Реклама -