Спасовски: Граѓаните да не патуваат надвор, создава дополнителен пpoблем за државата

Сите граѓани да ги одложат патувањата надвор од Република Северна Македонија, апелира премиерот Оливер Спасовски преку видео обраќање објавено на неговиот Фејсбук профил.

„Секоја држава во регионот и во Европа има свои мерки за заштита и имаме проблем граѓаните да не можат да ги поминуваат границите или да остануваат некаде заглавени на граничните премини.

Тоа дополнително создава проблем за институциите на државата. Уште еднаш апелирам граѓаните да ги одложат патувањата и да не патуваат надвор од државата“, објаснува Спасовски.

- Реклама -