Во пристаништето има 5 бродови. Сите имаат различни позиции и дестинации, пренесуваат различни продукти и имаат различно обоени оџаци. На вас е да погодите, кој брод оди за Куба, а кој брод пренесува чај?
Во пристаништето има 5 бродови.
1. Грчкиот брод заминува во 6 часот и пренесува кафе.
2. Бродот во средина има црн оџак.
3. Англискиот брод заминува во 9.
4. Францускиот брод со син оџак е лево од бродот што пренесува кафе.
5. Десно од бродот што пренесува какао е бродот кој оди за Марсеј.
6. Бразилскиот брод оди за Манила.
7. До бродот што пренесува ориз е бродот со зелен оџак.
8. Бродот што оди до Венеција заминува во 5.
9. Шпанскиот брод заминува во 7 и е десно од бродот што оди за Марсеј.
10. Бродот со црвен оџак оди за Хамбург.
11. До бродот што заминува во 7 е бродот со бел оџак.
12. Бродот на крајот пренесува пченка.
13. Бродот со црн оџак заминува во 8.
14. Бродот што пренесува пченка е закотвен веднаш до бродот што пренесува ориз.
15. Бродот за Хамбург заминува во 6.
Кој брод оди за Куба, а кој брод пренесува чај?
Ако ви се допаѓаат квизовите на Ајнштајн, погледнете ја и загатката Соседи.