Дебар и Центар Жупа целосно изолирани, контролен пункт кај Бошков Мост

Од полноќ општините Дебар и Центар Жупа се во целосен карантин. Прогласена е кризна состојба во овој регион, а претседателот Стево Пендаровски дозволи да се ангажира и АРМ. Блокирани се сите патиштата кои водат до општините Дебар и Центар Жупа. Дозволен е само дотур на лекови и храна. Строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.

Лицата затекнати на подрачјето кои не се жители на двете општини, треба да се обратат до Регионалниот центар за управување за кризи со седиште во локалната самоуправа, на кои ќе им биде обезбедено сместување и сѐ друго што им е потребно за непречен и безбеден престој.

Кризната состојба ќе трае 30 дена.

- Реклама -