УЕФА немаше друг избор, одложи два меча од Лигата на шампиони

Европската куќа на фудбалот попладнево соопшти дека се одложени два натпревари од Лигата на шампиони, односно ревашните помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид и Јувентус и Лион.

УЕФА следната недела ќе разговара за иднината на Лигата на шампиони, Лига Европа и ЕВРО 2020, но во меѓувреме одлучи да одложи два натпревари од осминафиналето во најелитното европско натпреварување.

Следната недела нема да играат Манчестер Сити-Реал Мадрид и Јувентус-Лион. Европската куќа на фудбалот немаше друг избор откако во карантин се ставени фудбалерите на Реал Мадрид и Јувентус.

„Кралевите“ се во изолација откако член на кошаркарскиот тим е позитивен на коронавирус, а „бјанконерите“ се во изолација откако Даниеле Ругани стана првиот играч во Серија А заразен со Ковид 19.

Во моментов нема информации за мечот помеѓу Барселона и Наполи, кој исто така сигурно ќе бдие одложен поради забраната за летови од Италија која беше воведена од властите во Шпанија, и поради која веќе беа одложени два меча од Лига Европа.

- Реклама -