И покрај препораките на надлежните институции да се остане дома, кога граѓаните немаат итна потреба да излегуваат надвор, навиките тешко се менуваат. Во текот на денешниот ден кафулињата во населбата Влае во општина Карпош, беа полни.
*Фотографиите се направени пред 18 часот
Од утринското и попладневното кафе како секојдневен ритуал, жителите не се откажаа ниту денеска, иако владините мерки и препораките за заштита од ширењето на коронавирусот се заострија од почетоков на оваа седмица.
Угостителските објекти, казината и обложувалниците да работат до 18 часот
На денешната утринска редовна прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче, ги соопшти новите уште порадикални мерки и препораки, и тие ги опфаќаат токму кафулињата, кафеаните, рестораните, обложувалниците и сите останати простори за социјализација. Една од мерките е работното време на овие угостителски објекти дс биде до 18 часот, а во дозволеното работно време капацитетите да бидат редуцирани.
„Се предвидува забрана на секакви јавни и приватни собири без разлика на обемот, одложување на сите концерти, театарски претстави, кинопроекции, спортски настани. Рестораните и кафулињата ќе работат со скратено работно време до 18 часот и со преполовен капацитет, односно ќе мора да се задржи растојание од 1,5 до 2 метри меѓу луѓето. Истото важи и за обложувалниците и казината“, најави Филипче утринава.
Целиот текст на 360степени.мк