Причина за паника поради пандемија на коронавирусот Ковид-19 нема. Сепак, претстојниот период би требало смислено да се искористи – во случај до неа навистина да дојде.
Новиоткоронавирус САРС-КоВ-2 е глобален предизвик, кој од секој поединец бара одговорно однесување.
Секој граѓанин одделно, но и фирмите, институциите и организациите можат да преземат мерки за подобра заштита од вирусот и за да бидат спремни доколку дојде до пандемија.
Подготовките за пандемија се концентрирани во три области:
-Целта е да се заразат што помалку луѓе;
-Приватните домаќинства би требало во случај на опасност да ги имаат подготвено сите работи неопходни за живот;
-Би требало да се намалат или по можност да се спречат поголеми општествени ограничувања или попречувања;
Што може да преземе секој поединец?
Кои конкретни мерки ме штитат мене и другите од инфекција?
-Држете доволно растојание од заболени (еден до два метри);
-Мијте ги рацетe редовно и темелно (најмалку дваесет секунди со сапун, се‘ до рачниот зглоб);
-Избегнувајте ракување и прегрнување;
-Развијте рефлекс на самозаштита: на пример копчињата во лифтот не ги притискајте со врвовите на прстите, туку со надворешниот дел од дланката;
-Избегнувајте места на кои има многу луѓе и јавни собири, одредете свои приоритети;
-Помалку допирајте го лицето или лицата на пријатели или членови на семејството;
-Особено важно е да не ја допирате со прсти слузокожата на устата, очите и носот;
-По потреба ставете ракавици, перете ги или менувајте ги секојдневно;
-Немојте да кашлате во дланката, туку во внатрешната страна на лактот;
-Брзо отстранете ги употребените хартиени марамчиња;
-Заштитните маски им пружаат слаба заштита на здрави лица. Со дишење, маските се навлажнуваат и по дваесет минути заштитната бариера го губи дејството. Затоа маски би требало да користи само медицинскиот персонал;
Заштитните маски би требало да ги користи само медицинскиот персонал
Дали е доволно прекинување на синџирот на инфекција?
Коронавирусот се пренесува преку капки. Вирусот се размножува во грлото. Оттаму патогенот може полесно да се исфрли отколку од белите дробови – со кивање, кашлање или секнење на носот. Со тоа САРС-КоВ-2 може да стигне на површина, од каде пак преку рацете доаѓа до слузницата и ги заразува другите
Целата статија тука